Маричиќ ги штити АСНОМ и уставното име, лагите дека нешто забранува се отпор против реформите

Не прекенуваат нападите кон министерот за правда, Бојан Маричиќ, откако тој ги започна судските реформи поврзани со расчитување на непрофесионалните и нечесни судии. Опозициските медиуми лажно исвестуваа за наводниот фашизам на таткото на министерот, за тоа дека министерот не поседува безбедносен сертификат, иако тоа не му обврска, за тоа дека тој отстранил записници од сајтот на министерството кои всушност никогаш не биле избришани, па се до иницијативата за интерпелација… Уште од стартот на нападите Маричиќ во јавните настапи изрази очекување дека неоснованите критики и обиди за попречување на реформите нема да прекинат, туку дека ќе продолжат како што ќе се интензивира прочистувањето на правосудството.

Зошто Маричиќ не го забранува користењето на АСНОМ, туку го штити? До Министерството за правда пристигнало барање за регистрација на Здружението „Здружение на граѓани: Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје“ или скратено „АСНОМ“. Со тоа се прави забуна кај граѓаните бидејќи со АСНОМ се означува Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. Имено, во Законот со кој се регулира регистрацијата на здруженијата пишува дека сите работи кои не се регулирани со овој Закон ќе се регулираат со оној за трговски друштва, а таму пак во член 47 се наведува дека не смеат да се употребуваат имиња кои предизвикуваат привид и мешање со друго име. Според ова, Маричиќ на ниту еден начин не го забранува АСНОМ, туку го штити.

Неосновани напади беа упатени и околу користењето на именката „Македонија“ и придавката „македонски“, дека наводно министерот забранил нивна употреба, што исто така не е точно. Законски е регулирано како тие се користат и кога може да се употребуваат. Затоа единственото логично и исправно објаснување е дека во случај кога во статутот на едно здружение се наведува дека тоа се организира и делува на територијата на ЦЕЛАТА ДРЖАВА и во странство, одобрувањето на таквото именување е можно исклучиво доколку се користи уставното име на државата. Министерството за правда и сега и сите изминати години постапува по овој принцип и согласно Уставот кога станува збор за барања од овој тип. Што се однесува до придавката „македонски/а/о“ може да се користи покрај придавната форма (од „Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“) во однос на приватни ентитети и актери кои не се поврзани со државата и јавните институции, кои не се основани со Закон и не добиваат државната финансиска помош за активности надвор од државата.

Преземено од www.centar.mk

Translate »