Владата ги изгласа предлог мерките: Полицискиот час ќе почнува на полноќ, еве кои се другите промени

Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021, да почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

https://www.facebook.com/v2.8/plugins/post.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df16cb15af93ef2c%26domain%3Dtocka.com.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Ff1d839ab2fd23cc%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FVladaMK%2Fposts%2F4077880125604481&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=true&width=500

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Се дозволува и користење на годишен одмор за здравствените работници.

Воедно, се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките односно од 15 на 20 деца.

Translate »