Писменоста дојде кај нас токму од македонската земја, порача Путин

И рускиот претседател Владимир Путин, го честиташе Св.Кирил и Методиј. 

Руската амбасада во Скопје цитирајќи изјава на претседателот на Руската Федерација Путин, „писменоста дојде од македонската земја“ на македонскиот народ му го честита државниот празник Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја”,  објави на Твитер Амбасадата на Русија во Скопје.

Руската амбасадорка во Софија пак, ѝ се заблагодари на бугарската држава за писменоста, оценувајќи го тоа како бесценето. Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова во видео пораката изјави дека честитката ја упатува кон Денот на Св. Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и словенска книжевност, затоа што без сомнение улога на Бугарија во формирањето и распространувањето на словенската писменост, јазик и култура е бесценето.

Translate »