Се појавила на црвениот тепих само во градник: По фотографиите е јасно зошто оваа актерка била главна ѕвезда на настанот
Актерката Ванеса Хаџенс ја користи секоја прилика за да блесне во полн сјај.
Неодамна таа се појави на шоуто на Ријана „Savage x Fenty“, облечена во темнозелен мантил, но кога се свртела, го покажала сиот свој раскош.
Хаџенс носела црн градник со тантела, а изгледот го надополнила со едноставен, минимален накит. Во последно време кружат гласини дека младата актерка се подложила на операција на градите, но таа сè уште не се изјаснила на оваа тема.
Пред неколку години во едно интервју зборуваше за притисокот кои жените го чувствуваат во врска со пластичните операции:
„Тоа нема врска само со мојата индустрија, живееме во Америка. Тоа е едноставно притисокот од општеството во кое живееме. Ако ги погледнете културите ширум светот и нивното поимање на убавината, ќе сфатите колку се жените прекрасни во своите различности“, изјавила тогаш актерката.
32-годишната Ванеса наводно е во врска со фудбалерот Кол Такер од минатата година. Тоа ѝ е воедно и прва романса по раскинувањето со Остин Батлер со кој беше 9 години во врска.
Како причина за прекин на врската се споменуваше фактот дека таа сè уште не сака деца, за што и самата јавно зборувала:
„Сакам да се венчам, да патувам, а потоа да имам деца. Веројатно во доцните 30-ти. Сечиј часовник е поинаков“.
Пред Остин, Ванеса беше во врска со Зек Ефрон од 2005 до 2010 година.