СЕ ЗАЈАКНУВА МНОЗИНСТВОТО? – Уште неколку пратеници ќе се приклучат на владеачкото мнозинство, најави Заев
Не може општините да ги делат граѓаните, да имате политики кои ќе не скараат со соседите и да се залагаат за барок, вели премиерот Зоран Заев како одговор на прашањето дали би се повлекол од власта, доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови на изборите за градот Скопје.
Тој најави дека уште неколку пратеници ќе се приклучат на владејачкото мнозинство, но тоа ќе го објави после изборите.
-Пораката е кон граѓаните е да излезат во вториот круг и да ѝ дадат насока на државата, рече Заев во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Во однос на тоа дали се потребни предвремени парламентарни избори, премиерот вели дека ова е неповторлива шанса 2,5 години да се искористат за економијата.
-Во моментот изборите не се потребни. Мораме да ги искористиме овие години до редовните избори за да се насочиме кон младите и работните места во државата, потенцира Заев и информира дека со предвидената „метла“ што беше најавено во претходниот изборен циклус, биле променети 450 луѓе.