Европа во снег: Хаос во сообраќајот во Виена, во Словенија паднал 80 центиметри снег
Снежната бура која беснее во Европа направила многу проблеми во сообраќајот, во снабдувањето со струја, а голем број на стебла биле откорнати.
Силните снежни врнежи од раните утрински часови ја зафатиле цела Австрија и притоа направиле големи проблеми во сообраќајот.
Еден автобусот во Виена изгубил контрола и удрил во столб, а притоа повредени биле девет лица, од кои едно потешко. Во други делови на Австрија бројни камиони излизгале и ги блокирале патиштата, поради што сообраќајот е отежнат.
Имало и неколку сообраќајни несреќи ширум земјата, која е целосно е под снег. Во Виена се очекуваат рекордно снежни врнежи.
Дел од Словенија без струја
Добар дел од Словенија е завеан, а во селото Ратече, на крајниот северозапад, се формирала снежна покривка од 80 центиметри.
Поради снежните врнежи снабдувањето со струја во одредени делови на Австрија и Швајцарија е прекинато.
Во Горењската област од вчера до денеска паднале меѓу 15 и 40 центиметри снег, а во подрачјето Бохиња околу 30 центиметри снег.