Хиперпигментација – Што предизвикува темни дамки и како да се намалат?
Изложеноста на сонце е главна причина за појава на хиперпигментација на кожата, бидејќи сончевата светлина е главниот фактор за производство на меланин. Дополнителни фактори се хормоналните промени, како и самиот процес на стареење. Меланинот делува како природен крем за сончање на нашата кожа така што не заштитува од штетните УВ зраци, што е причина луѓето да потемнуваат на сонце. Но, прекумерното изложување на сонце може да го наруши овој процес, и да доведе до хиперпигментација.
Откако ќе се појават темните дамки, дополнителното изложување на сонце може да го влоши проблемот со тоа што старечките дамки (или сончевите дамки), мелазмата и пост-воспалителните хиперпигментациски дамки ќе бидат уште потемни.
Важно е да се знае дека сончевите зраци влијаат на кожата дури и во облачните денови, и затоа е потребна заштита во текот на целиот ден. Освен што ја намалуваат хиперпигментацијата, Eucerin Anti-Pigment Day SPF 30 и Anti-Pigment Day SPF30 Tinted (со пудра, светла и медиум нијанса) нудат и ефикасна заштита од UVA и UVB (SPF 30) и спречуваат формирање на дополнителни пигментни дамки предизвикани од сонцето. Еуцерин Anti-Pigment Tinted овозможува изедначување на тенот на кожата, ги покрива дамките и делува на нивно намалување. Се користат во комбинација со Dual Serum како дел од холистичката рутина за нега на кожата, со цел ефикасно спречување и намалување на пигментните дамки.
Ограничувањето на изложеноста на кожата на сонце, исто така, ќе помогне да се намалат случаите на хиперпигментација. Обидете се да се држите подалеку од сонце во текот на неговите најинтензивни часови и носете заштитна облека вклучувајќи капи за сонце и очила секогаш кога е можно. Кога кожата е изложена на сонце, нанесете и производ за заштита од сонце: со соодветно ниво на заштитен фактор, кој е специјално формулиран за типот на вашата кожа.