Како да создадете подобар имиџ на својата компанија и да привлечете нови клиенти?!
Како да создадете подобар имиџ на својата компанија и да привлечете нови клиенти?!
Ова се дел од прашањата кои си ги поставува секој сопственик на бизнис, како и генерален менаџер. Одговорот не е едноставен, напротив е многу комплексен и детерминиран од различни фактори. Еден од нив е и просторот пред компанијата. Средениот двор продуцира и привлекува добри енергии!
Партерното зеленило на деловниот објект е еден вид хоризонтална фасада на објектот. Неговата складна синтеза со архитектурата на објектот и просторот првенствено рефлектираат моќна слика, која што на прв поглед го привлекува вниманието. Пејзажно убаво уредените партери се помнат, остануваат во меморијата на луѓето и секојпат подолго го задржуваат нивното внимание. Дополнително природниот амбиент предизвикува пријатни чувства кај посетителите кои директно ги поистоветуваат со имиџот на компанијата.
Јапонските експерти за човечки односи дошле до заклучок дека токму условите за работа, хармоничноста како и личниот однос кон вработените се двата клучни фактори луѓето да бидат мотивирани и да го даваат својот максимум. Не случајно во поголемите јапонски компании постојат мали градини, каде вработените имаат допир со природата, каде хармонично уреденото зеленило делува на нивното опуштање, подобрување на концентрацијата и поголемо задоволство, а истото се однесува и за клиентите.
При инвестиција во деловен објект по некое непишано правило буџетот на крај е повеќекратно надминат. Па кога ќе дојде на ред прашањето за озеленување на партерот, или се прескокнува или се бара негова замена. Доколку постои и најмала можност недвоумете се да го озелените партерот. Тоа ќе Ви биде најпаметната споредна инвестиција. За која доколку се грижите, ја одржувате во идниот период, многукратно ќе ја ефектуирате нејзината вредност.
Нашиот предлог, доколку располагате со скратен буџет е: да не го потрошите на неколку скапи (убави на око) или несоодветни растенија расфрлани по целата површина без концепт. Туку набавете пејзажен проект или барем консултирајте се со Пејзажен дизајнер за оптималното решение кое ќе соодветствува на: вашите можности за идно одржување; архитектурата на објектот и партерот и микро климата на локацијата.
Приоритети за успешна градина се, да обезбедите вода, евентуално систем за полевање и служба за одржување. Тогаш и со помали растенија складно да ја уредите површината, за 1 – 2 години просторот ќе го добие посакуваниот амбиент, или пак дел по дел решавајте ја хортикултурата. Пример за привремено решение, покријте ја површината со агро фолија против коров и постелете речен или дробен камен, во мали групи посадете зимзелени покривачи или декоративни треви.
Инвестицијата во инстант градина е предизвик и престиж доколку е изведена по протокол со сите елементи. Во спротивно епилогот на големите растенија без навремено полевање и одржување ќе има ефект на огномет ?! (убаво беше, кратко траеше )
За една компанија, убаво уредениот двор е најдобра промоција пред клиентите и посетителите. Тоа покажува карактер, грижа за изгледот на потесната околина, изразена еколошката димензија на доброто корпоративно управување…. Со навидум една слика, дело (креација) компанијата многу покажува.
Секоја компанија која сака да обезбеди раст на својот бизнис, треба да инвестира во уредување на своето дворно место, влезови, тераси и канцеларии. Тоа е мала инвестиција во споредба со ефектите во блиска иднина. А за тоа секако треба да се исконтактираат пејзажни ескперти, кои ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини! Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска), заинтересираните можат да се обратат за консултации и совет, а воедно може да одберат нешто од широкиот асортиман на декоративни садници. Фоја проектира и изведува пејзажни проекти, за приватни, деловни и јавни површини. Повремено и тековно одржува зелени површини. Телефон: 2 772 046, преку маил адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja