Ова е најстариот цицач на светот: Живеел пред 225 милиони години и личел на крт

Најстариот цицач на светот е идентификуван со помош на фосилни забни остатоци.

Бразилодон квадрангуларис било мало суштество налик крт, долго околу 20 центиметри, кое живеело на Земјата пред околу 225 милиони години во исто време кога и некои од најстарите диносауруси и фрла светло на еволуцијата на современите цицачи, наведува тимот составен од бразилски и британски научници.

До откритието дошле истражувачи од Природниот музеј во Лондон, Кралскиот колеџ во Лондон и Федералниот универзитет Рио Гранде до Сул во Порто Алегре.

Научниците се потпирале на траговите од фосили со тврди ткива како што се коски и заби. Тоа е затоа што жлездите на цицачите, кои произведуваат млеко, не се сочувани во ниеден фосил пронајден до денес.

Досега Морганукодон се сметал за прв цицач, со изолирани заби кои покажуваат дека датира од пред околу 205 милиони години. Морганукодон имал мало тело налик глодар и долго лице слично цибет.

Сега експертите утврдиле дека Бразилодон квадрангуларис живеел пред 225 милиони години, 25 милиони години по третото и најголемо масовно изумирање, кога повеќе од 90 проценти од видовите во океанот исчезнале и 70 проценти од копнените животни изумреле.

Марта Рихтер, научен соработник во музејот и ко-автор на истражувањето за “CNN” рекла дека претходно се верувало дека бразилодон бил “напреден рептил”, но испитувањето на неговите заби дефинитивно покажало дека станува збор за цицач.

„Ако размислувате за влекачите, тие имаат многу, многу поразлични заменски заби во текот на својот живот, но ние цицачите имаме само два сета. Прво, млечни заби, а потоа и постојани. Тоа е тоа што ги дефинира цицачите“, рекла таа.

Бразилодон е најстариот изумрен рбетник со два сета заби – млечни и постојани., навеле експертите.

Рихтер и нејзините колеги испитале три долни вилици на овој вид, кој живеел во регионот кој денес го покрива најјужниот дел на Бразил. Под микроскоп откриле вид заменски заби кои се присутни само кај цицачите, рекла таа.

Translate »