Видео: ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО ЦЕНТАР Приведени двајца измамници од Бугарија, изнудувале пари од повозрасни лица
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор.
– Вчера (13.09) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром – соопштија денеска од МВР.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува.
Plus info