Искористи ја шансата и стани нов Гранд милионер!

И оваа година, Гранд кафе ги наградува своите најверни и најупорни потрошувачи, и им дава шанса да заработат едноставно – преку пиење на нивното омилено кафе. Наградната игра „Стани Гранд милионер“ е повторно во тек и веќе ги даде првите двајца Гранд милионери, a дневните, неделните и главните награди ќе продолжат да се доделуваат се’ до крајот наградната игра.

Карти и опрема за зимување, нова облека или некој современ гаџет – опции има безброј, кога одбирате како да го потрошите вашиот прв милион. Методија Дупјачанец и Слободан Михајловиќ имаа најмногу среќа во досегашните извлекувања и станаа новите Гранд милионери, а сега ве повикуваат и вас да испраќате кодови и да се обидете да зграпчите една од преостанатите главни награди, секоја од нив вредна еден милион денари.

„Порано учествував во наградни игри, но не мислев дека нешто ќе добијам. Сега кога станав Гранд милионер, сум уверен дека среќата ги следи оние што пробуваат. Инаку, пијам Гранд кафе уште многу одамна – секој ден, по двапати дневно. Пратив многу кодови, престанав да бројам… Но, еден од нив ме направи милионер! Овој милион ќе ни помогне на мене и на жена ми да уживаме во пензионерските денови. Играјте ја наградната игра и станете Гранд милионер!“, вели Методија Дупјачанец, еден од двајцата Гранд милионери.

Наградната игра „Стани Гранд милионер” започна на 24.08 и трае до 21.12.2022. Во неа учествуваат само пакувањата на Гранд од 200гр, односно: Grand Gold 200 г, Grand Aroma 200 г и Grand Strong 200 г. На самата амбалажа во внатрешноста на пакувањето е втиснат лесно забележлив, уникатен код. За учество во наградната игра, испратете го кодот преку СМС на бројот 149 491 во форматот „GRAND(празно место)кодот од пакувањето”, или пак внесете го кодот на веб страната grandkafa.mk.

Секој ден Гранд извлекува по пет добитници на Гранд пакет производи, а секоја недела по еден добитник на смартфон iPhone SE 64. Секој 22 во месецот се одржува извлекување за главните парични награди и се одбира по еден Гранд милионер. Во текот на наградната игра ќе бидат доделени вкупно четири главни награди. Двајца Гранд милионери веќе се извлечени, што значи дека остануваат уште две шанси за да ја добиете премијата и да станете милионер само со пиење на вашето омилено кафе. Побрзајте, го очекуваме вашиот код!

Translate »