Виталиа ја поддржува македонската музика
Македонската компанија за здрава храна Виталиа ја потврди својата поддршка за македонската култура и творештво, со започнување соработка со Само МК – новото интернет радио кое ќе емитува ексклузивно македонска музика.
Само МК ги собира домашните автори, пејачи, музичари, бендови и омилените песни на македонската публика на едно место.
На промотивната забава, што се одржа на 20 декември во „Гранче“ присуствуваа голем број гости од македонската музичка сцена, и особено се истакна значењето кое ќе го има новото радио за популаризацијата на македонската музика, бидејќи во основачката екипа на радиото се вистински познавачи на музиката, Емил Парнаџиски, Зоран Митровиќ и Марти Ивановски.
Гостите имаа можност да слушаат одлична музика, а воедно и да дегустираат од вкусните барови со јаткасти плодови на Виталиа.
До радиото може да се пристапи преку веб-страницата на „СамоМк“ (www.samomk.mk ), или преку бесплатната Андроид апликација (наскоро ќе има и за iOS).
Виталиа го поддржа овој проект, кој има за цел да им даде платформа на македонските музичари да бидат слушнати, сѐ со цел да се зачува и промовира една од највредните работи што го обележува секој народ: неговото музичко наследство!
Се работи за партнерство кој гарантира долготрајна соработка и поддршка кон радиото.
Виталиа е горд поддржувач на сето она што е добро, а наше!