НИКОЛА ЉУШЕВ: Гигабитните брзини и ниската латенција се реалност, 12% од сообраќајот е на 5G.

Оваа турбулентна година којашто ќе остане запаметена во нашата колективна меморија по енергетската криза, воениот конфликт во Украина, високата инфлација и негативните светски трендови, воедно е и година на голем успех за Телеком, со целосна надградба кон нова понапредна  генерација на безжични комуникациски технологии. Горд сум што сме пионери во воведувањето на новите технологии и сега ја имаме најсовремената и најдобра мрежа. За само 18 месеци целосно ја модернизиравме мобилната мрежа, поставивме 900 нови базни станици и го зголемивме капацитетот на 4G за дури 70%. Први ја воведовме 5G мрежата во Македонија и сега 26 градови можат да користат 5G услуги. Гигабитните брзини и ниската латенција се реалност и 12% од сообраќајот се на 5G. Ова е најголемиот проект во последниве десет години и важна пресвртница којашто ќе овозможи целосен пресврт не само во технологијата туку и во секој аспект од нашите животи. Ја поставивме основата, скелетот на новата технолошка револуција, врз која во наредните години ќе се гради новиот дигитален свет.

Со 5G технологијата ќе може да им овозможиме на корисниците од руралните области, каде не е исплатливо или не може да се стигне со оптика, висококвалитетен интернет со големи брзини. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и во областа на Massive IoT, во делот за паметни градови и паметна инфраструктура, област во која веќе имаме доминација на пазарот, а сега ќе одиме и многу понапред. Трето, 5G ќе овозможи примена на вештачката интелигенција за подобрување на ефикасноста на самата мрежа. Преку вештачката интелигенција ќе можеме да детектираме и најмала недоследност во функционирањето на мрежите и системите коишто испорачуваат клучни услуги. На тој начин, ќе можеме да ги спречиме и пресретнеме, а корисниците воопшто нема ни да ги забележат. Сето ова ќе го зголеми задоволството на корисниците и ќе обезбеди супериорна услуга, а токму тоа е нашата цел. Ова се плановите само за наредната година. На прагот сме на нова индустриска револуција којашто целосно ќе ги трансформира сите сфери на нашето општество. Новите технологии имаат голем потенцијал да бидат алатка којашто ќе ни овозможи да се справиме со глобалните предизвици како глобалното затоплување, пренаселеноста на градовите, производството на храна, пристапот до чиста вода итн.

преземено од интервју во Economist World In

Translate »