Замрзнати цените на јајцата и оризот
СДСМ со одговорни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните, велат од партијата на власт.
„Со одлука на Владата предводена од СДСМ, цените на јајцата и домашниот ориз се замрзнуваат на ниво од 15 март.
Претходно беше замрзната цената на белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.
Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.
Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултати, цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети“, прецизираат од владејачката СДСМ.
Во време на криза, додаваат од оваа партија, никој не е оставен сам. СДСМ, истакнуваат во соопштението, продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.