Како до диететско регулирање на шеќерот и намалување на дебелината

Дебелината е еден од проблемите со кои се соочуваат многу луѓе во земјава. Причините се повеќе: стрес, физичка активност, не внимаваме доволно на сопствената исхрана, и сето тоа се одразува на нашето здравје. Поразителни се и последните информации покажуваат дека во Македонија има над 200 илјади дијабетичари. Дијабетот или т.н. шеќерна болест е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта, или почесто кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи – состојба на инсулинска резистенција. Тогаш настанува хипергликемија или покачено ниво на шеќер во крвта, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на крвните садови и нервите. Најчесто ваквите оштетувања се причина за појава на болести на очите, бубрезите, нервите а во најлоши случаи тие доведуваат до појава на срцев или мозочен удар!


Проблемот наметнува и решение! Според Диме Велев Претседателот на Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија, покрај примената на стандардната терапија, која не секогаш успева да воспостави контрола над шеќерот, луѓето бараат решенија во вид на чаеви, билни препарати или додатоци на исхраната. Но за жал постојат доста „лажни продукти“ со силна реклама но без фирма, без официјална регистрација во земјата, кои нанесуваат голема штета за дијабетичарите, но и за останатите компании кои работат легално.


Ги советувам сите дијабетичари да се посоветуваат со својот лекар пред да купат одреден призвод. Јас лично го користам Дијабетол форте од Натура терапи и имам одлични резултати. Производот е официјално регистриран како препарат со посебна медицинска намена за диететско регулирање на шеќерот и истиот го одобри и мојот доктор ендокринолог. Внимавам и на исхраната, се трудам и редовно да пешачам и некако се носам со овој мој здравствен проблем.


За намалување на ризикот од појава на дијабет треба да се практикува и здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук, намалување на внес на шеќери и сатурирани масти), редовна физичка активност (најмалку 30 мин. на ден), одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун. Одржувањето на здрави, регулирани нивоа на шеќер и заштита на здравјето и функцијата на очите, бубрезите и крвните садови, подобра циркулација, заштита, обнова и подобрување на функцијата на црниот дроб, се работи на кои треба континуирано да се внимава. Се препорачува Диабетол Форте е 100% природен производ и содржи уникатна комбинација на алфа-липонска киселина, екстракт од горчлива диња (карела), екстракт од цимет, цинк и хром. Неговата редовна употреба помага во одржување на нормални нивоа на гликоза во крвта и заштита на сите клетки од оштетувања од страна на слободните радикали и штетните гликациски продукти на шеќерот.

Translate »