Најново! Мадрид го распушти каталонскиот парламент!

Шпанскиот премиер Мариано Рахој соопшти дека  го распуштил парламентот на Каталонија, го отпуштил регионалниот претседател Пуџдемон и го сменил шефот на каталонската полиција.

Новите избори во Каталонија ќе бидат одржани  на 21 декември, а  прогласувањето на  независност е нелегално, изјави премиерот.

Рахој најави дека министрите од централната власт  ќе ги превземат функциите на регионалните министри , кои се отпуштени.

Translate »