Виталиа со поддршка на концертот на Џон Илија Апелгрен „Хитовите на Френк Синатра“
На 14 февруари, датум што е синоним за љубов и вино, оваа година имате можност да уживате во несекојдневно музичко искуство. Најголемите хитови на Френк Синатра ќе прозвучат со уникатниот џез глас на исклучително талентираниот Џон Илија Апелгрен, на ексклузивниот концерт по повод Денот на вљубените, кој е поддржан и од македонската компанија за здрава храна Виталиа.
На сцената заедно со Џон Илија Апелгрен ќе биде и Националниот џез оркестар, кој ќе помогне да се создаде магичната атмосфера која ќе го одбележи Денот на вљубените. Програмата ќе биде составена од некои од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав.
Концертот ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20:00 часот.
Реномираната домашна компанија за здрава храна Виталиа гордо ќе го поддржи овој ексклузивен настан кој преку спојот на музика, љубов и добро расположение ќе понуди вистинско уживање за душата.
Поддршката на Виталиа на овој настан ја истакнува посветеноста на компанијата кон збогатување на благосостојбата на нашата заедница преку моќта на музиката, љубовта и здравјето. Ова партнерство илустрира совршена хармонија помеѓу музичката радост и важноста во одржувањето на здрав начин на живот, отелотворувајќи ги вредностите за кои се залага Виталиа.
Повеќе информации за настанот и билетите за истиот дознајте на официјалната ФБ страна на Националниот џез оркестар и на следниот линк.