За сите кои посакуваат опуштен и убав петок. Ова е нашиот предлог?

Како за на крај на неделата заслужувате еден убав и опуштен петочки ден. Малку да се опуштите, да се наградите со едно убаво кафе, еден убав ручек или вечера. А во Скопје навистина има интересни локали кои целосно го заслужуваат вашето внимание.

Ова е нашиот предлог:

На кафе во “Лоби”
: Почнете го денот опуштено со преубаво кафе во кафетерија Лоби, која се наоѓа на улица Орце Николов. Опуштена урбана градска атмосфера, која ќе вe опушти, и ќе ви овозможи релаксиран почеток на денот. Пријатна атмосфера, љубезен персонал, место кое ќе ви пренесе убава енергија. Што повеќе е потребно?

На ручек во Ресторани Сидро. Овде ќе пробате свежа морска храна, најдобриот октопод во градот, автентичните ракчиња со кадаиф, перфектно подготвен лосос и многу повеќе. Храната е вкусна, а цените приступачни, или можеме слободно да кажеме најдобри за морска храна која е свежа и врвно подготвена. Овде можете да се опуштите и да најдете мирен момент за себе и блиските, комбинација на добра морска храна и убави вина.  Да пробате нешто поразлично, да се почувствувате како да сте на море! Место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е амбиентот и изборот на храна во прашање..

ракчиња со кадаиф
Translate »