Топ идеја за летен ручек со семејството!
Летото за многумина е најубавиот период од годината. Период на летните годишни одмори, на уживање со најблиските покрај море или езеро. Сонце, лесна летна облека, шетање во природа, уживање во убава храна. Летото е дефинитивно период кога сакаме да се опуштиме по напорната работа и барем малку да заборавиме на работата и обврските. Да се дружиме со пријателите и семејството да уживаме во моментите.
За жал летниот одмор е многу краток, и брзо поминува, и повеќето од нас мораме поголемиот дел од летото да го поминеме во Скопје. Но тоа не значи дека и тука не можеме да се опуштиме и да си дозволиме моменти на радост и среќа. Да доживееме едно убаво гурманско патување токму во Скопје, во рестораните Сидро. Како што температурата се зголемува и летото започнува во полна сила, последното нешто што сакаме да го правиме е да поминеме часови во топла кујна.
Па така, изберете со кого сакате да поминете време и закажете си маса во ресторани Сидро. Храната е вкусна, а цените прифатливи, најдобри за морска храна која е свежа и врвно подготвена. Овде можете да се опуштите и да најдете мирен момент за себе и блиските, да пробате нешто поразлично, да се почувствувате како да сте на море! Ракчиња во црвена бузара, уникатен специјалитет само во Сидро! Ќофтиња од тиквички, свеж октопод на скара автентичните ракчиња со кадаиф, перфектно подготвен лосос и многу повеќе. Во градината на Сидро 2 ќе се опуштите, ќе се почувствувате како во мала оаза сред Скопје. Ќе го почувствувате мирисот на лаванда, а маслинките и палмите ќе ве однесат на некое друго место со мислите. Овде сигурно ќе уживате, во храната но и во амбиентот!
Ресторани Сидро се место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е амбиентот и изборот на храна во прашање.