Социјален експеримент: Дали предрасудите се учат?

Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите. Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат.

Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата година, под влијание на околината, почнуваат да кажуваат дека нешто е „чудно“ или „погрешно“ само затоа што е различно.

Околу тинејџерската возраст предрасудите може да се зајакнат или намалат, во зависност од влијанието на врсниците, образованието и контактот со различни групи Со цел да ја потврди тезата дека предрасудите се учат, Телеком направи едукативен социјален експеримент. Погледнете го видеото и видете што кажаа децата:

youtube.com/watch?v=LDy4-mnOOxg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

Психолозите советуваат: зборувајте со децата за различностите на позитивен начин. Развивајте толеранција, емпатија и почит. Да научиме поинаку. Да ги надминеме предрасудите за да вистински се поврземе. #НаправиМесто

Translate »