Со лидерство, фокус на младите, дигитализација и подршка на културата НЛБ Банка создава долгорочна вредност за клиентите и заедницата!
Со партнерството со Прагма продукција, НЛБ Банка ја продолжува својата заложба за поддршка на културата, музиката и настаните што создаваат вредни искуства за заедницата, со посебен фокус на младите и корисниците на пакетот NLB Next.

Младите, дигитализацијата и создавањето дополнителна вредност за клиентите преку искуства што го надминуваат традиционалното банкарство остануваат меѓу клучните стратешки приоритети на Банката. Истовремено, преку ваквите партнерства НЛБ Банка активно придонесува за развојот на македонската музичка сцена, поддржува домашни артисти и концертни настани и ја збогатува културната понуда во земјата.

Банката верува дека музиката е важен двигател на креативноста, поврзувањето и позитивната енергија во заедницата. Затоа, преку своите иницијативи создава можности за промоција на домашните музички таленти, развој на современата концертна сцена и доближување на квалитетни музички содржини до младите.
Под лидерството на генералниот директор Тони Стојановски, НЛБ Банка ја зајакнува својата позиција како современа финансиска институција која инвестира во дигитални решенија, иновативни партнерства и проекти со долгорочна вредност за клиентите и заедницата. Истовремено, Банката останува еден од значајните поддржувачи на културата во земјата, преку континуирана поддршка на манифестации како „Охридско лето“, „Галичка свадба“ и бројни други културни настани.

