Кога денот бара мирен момент – Ботаника Урбана Кафана, зелена оаза во срцето на Скопје
Колку е добро чувството кога ќе седнеш во еден ресторан, а атмосферата, храната, музиката и услугата сите работат за твоето задоволство? Ако го бараш тоа чувство, ќе го најдеш во Ботаника Урбана Кафана, зелената оаза во срцето на Скопје.
Уште кога првпат ќе влезеш во Ботаника Урбана Кафана, ќе забележиш дека ниту еден детал не е случаен. Од внимателно одбраниот ентериер полн со зеленило и ботанички детали, преку убавите маси и топлите светла кои го прават просторот магичен во секој дел од денот, до опуштената атмосфера која те тера да го забавиш темпото и да уживаш во моментот.
Сместена меѓу топлите скопски улици, Ботаника Урбана Кафана е вистинска урбана оаза – суптилно настрана од градската џунгла, а сепак во самото јадро на градот. Тука времето поминува незабележливо, а секое дружење станува мал ритуал.

Ботаника е место каде одиш на салата или на колач, но неодоливиот мирис на вкусна храна те тера да каснеш нешто од внимателно избраното мени, инспирирано од уникатната кујна, и вештите мајстори кои постојано знаат нешто да изненадат. Ботаника е место каде денски доаѓаш „лабаво“ на разговор, а навечер уживаш во добро вино, добро друштво и бавни моменти. Без разлика дали доаѓаш сам или со друштво, на ручек или на вечера – вратата на Ботаника е секогаш отворена и те чека.
Ботаника Урбана Кафана за кратко време стана една од омилените адреси на скопјани, но и на гостите кои го посетуваат нашиот град. Доказ за тоа се секогаш полните маси, топлата атмосфера и фотографиите кои се појавуваат на социјалните мрежи токму од ова место, чија естетика веднаш паѓа во око.
Ботаника е место кое откако ќе го посетиш еднаш, ќе сакаш да се враќаш одново и одново. А најдобар начин да дознаеш зошто, е да ја посетиш уште денес. Се гледаме во Ботаника Урбана Кафана!


