Кралицата Елизабета вмешана во оф-шор скандал!

Во јавноста протекоа  финасиски документи кои покажуваат дека 10 милиони фунти од приватниот имот на британската кралица сe вложени  во оф-шор компании.  Освен кралицата Елизабета, постојат и документи дека и Вилбур Рос , американскиот министер за трговија, тајно инвестирал во оф-шор даночни раеви.

Инаку,  “Paradise papers” содржат 13, 4 милиони документи кои протекоа главно од една водечка компанија во бизнисот со оф-шор финансии.

Покрај кралицата и американскиот функционер, во документите се наоѓаат и имиња на други моќни и богати државници и функционери.

Како и со минатогодишните извештаи  на  “Panama papers” ,  документите  се добиени од германскиот весник “Süddeutsche Zeitung”, кој го повика Меѓународниот конзорциум за истражувачки новинари  да ја надгледува истрагата. На овој линк пронајдете кои политичари и државници се вмешани во аферата “Paradise papers”

 

Translate »