Неможноста да се приклучиш на фејсбук е пофрустрирачки од 20-минутното чекање автобус!
Според истражувањето спроведено во Хрватска од страна на MediaNet, а во кое биле вклучени 657 испитаниците дури 59% од нив сметаат дека неможноста да се започне со посакуваната апликација или содржина на интернет е пофрустрирачки од 20-минутното чекање автобус.
Првата активност наутро за 42% од испитаниците е прегледување на Фејсбук на нивниот мобилен
Фејсбук го држи врвот (42%) кога станува збор за содржината што се гледа наутро на мобилен. Потоа следи Gmail (21%) и разни други апликации за проверка на времето (12%).
Повеќе од 30 проценти од испитаниците се обиделе да “украдат” Wi-Fi од соседот.
Речиси сите испитаници (92%) секојдневно користат фиксен интернет или Wi-Fi во домот, а дури 51% од нив не се задоволни со брзината на фиксниот интернет. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека речиси сите (93%) безжични преку мобилен телефон се приклуќуваме на интернет. Интересно е што над 30% од испитаниците се обиделе да се приклучат на Wi-Fi мрежата на соседот, а над 70% од нив со првото седнување во кафуле, одма се приклучуваат на бесплатниот Wi-Fi.
Што е животот без интернет!
Луѓето (84%) не можат да живеат без интернет, а доколку немаат интернет тоа за нив е најголемата фрустрација.Би издржале еден ден без ТВ, но не и без интернет.
Мобилниот телефон е главниот советникПовеќе од половината испитаници (51%) користат мобилен телефон како главен советник за откривање на најблискиот ресторан или продавница. 88% луѓе речиси никогаш не одат со мобилен телефон во купатило и не го користат кога го паркираат автомобилот.
Најмалку еднаш неделно имаме критика за честата употреба на мобилниот телефон
Дури половина од испитаниците тврдат дека барем еднаш неделно биле “критикувани” од нивните блиски пријатели поради прекумерната употреба на мобилните телефони, а 12% од нив се во оваа ситуација секој ден. Резултатите покажуваат дека најчести активности на интернет се: проверување е-пошта(91%) прегледување информативна содржина (89%), посета на социјалните мрежи (79%) посета на забавна содржина(72%).
Најголемиот потрошувач на интернет сообраќај е You Tube, најпопуларна апликација е Фејсбук.
Постои ниска свест дека You Tube е најголемиот потрошувач на мобилен интернет сообраќај, иако Фејсбук учествува само со 28%, а Instagram со 7% во вкупниот промет.