Кривична пријава против градоначалникот на Свети Николе
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Како што информира денеска МВР, осомничениот на 13 септември, оваа година на шефот на возниот парк му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел гориво во возило сопственост на неговиот татко и 10 литри за потребите на Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Тасев, според полицијата наредил при плаќањето со картичката за бензин, регистрирана на Општина Свети Николе да прикаже дека 58,3 литри еуродизел гориво биле наточени во автобус сопственост на општината.
Мета.мк