Крводарителска акција на Рамсторе
Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамстор го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамстор, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.
По повод 12 години постоење на Рамсторе Македонија, компанијата во соработка со Црвен Крст на Р.Македонија и заводот за Трансфузиологија организира крводарителска акција под мотото „Сакаме да бидеме браќа по крв со Македонија„Исто така, посебно ни е драго, што токму на на овој историски важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ќе ја покажеме нашата хуманост и како компанија и како личности.
Би сакал да истакнам дека ние како Рамстор ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето здравје, а воедно ќе им помогне на болните на кои им е потребна.
Дарувањето на крв за нас е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрво на Црвениот крст кој најсовесно ја извршува својата работа, а потоа и на сите вработени кои ја дадоа својата поддршка и ја покажаа својата хуманост, изјави денес Ајхан Узун-Генерален Директор на Рамсторе Македонија.