Што да подарите за роденден: Еве како да ги израдувате саканите со вистинскиот подарок!

Точно е дека на подарокот „не му се гледа во заби“, но некои подароци делуваат како некој воопшто и да не се потрудил. Меѓутоа, некогаш едноставно се работи за немање чувство или талент што да се поклони некому. Можеби ова ќе помогне J

Колку повеќе се наближува роденденот на саканите луѓе, толку поголема станува „маката“ што да им се подари за роденден. Некои едноставно имаат природен талент за осмислување на совршени подароци, додека други, иако имаат добри намери тотално ја промашуваат работата.

Можеби тајната лежи во тоа дека роденденските подароци се најубави кога се персонализирани. Односно, најздодевно е кога за роденден ќе добиете шише вино. Славениците најчесто остануваат со многу литри вино на крајот на забавата, а тоа ги остава без конкретни спомени.

Ramstore маркетите со својата иницијатива по повод дванаесеттиот роденден нуди предлози и решенија како да подарите нешто што вистински ќе ги израдува вашите најблиски.

При изборот на подарок секогаш размислувајте за тоа што славеникот/славеничката сака, а не што вие сакате или што вам ви се допаѓа. Сите ние често зборуваме за своите желби, само треба да се присетиме што сме слушнале во врска со желбите на нашите сакани или пратете некој друг од вашето опкружување во тајна „мисија“ за ослушнување на желбите и купете го посакуваниот подарок.

Персонализирајте нешто што е навидум конвенционален подарок, како на пример убаво дизајнирана шоља за кафе или некој друг додаток за домот и домаќинството. Доколку имате креативни потенцијали можете и самите со боја за стакло да ја украсите и персонализирате шољата која на овој начин ќе има дополнителна емотивна вредност за славеникот. Или пак ако сте практична и поедноставна личност тогаш одлучете се за некое парче за домаќинството како што е керамичката тава за печење, модли за колачи или пак сет на чаши за кафе.

Вашата креативност може да оди до таму што ќе купите големи тегли со вакумско затворање и засукајте ги ракавите и направете интересна зимница како што се на пример конзервираните лимони. Тие не само што ќе изгледаат преубаво во теглата туку и ќе имаат одлична примена со нивата автентична арома и вкус, а вашите пријатели ќе го ценат овој гест на домашно приготвена зимница која е добредојдена во секој дом.

Доколку добро го познавате славеникот лесно ќе можете да ги погодите неговите омилени продукти и вкусови…па така обичното чоколадо со лешници, мадарините, чајот од липа и виното спакувани во украсена кошница ќе добијат сосема поинаква содржина и порака.

Идеите за подароци можат да одат во недоглед. Но ова е добар почеток. Ramstore маркетите секогаш се трудат да им го олеснат пазарувањето на своите потрошувачи, да им понудат решенија и услуги што ќе им го зголемат квалитетот на живот и ќе им ги унапредат секојдневните практики за паметно управување со буџетот, за што помали грижи, а поголемо уживање за себе и за своите најблиски.

Translate »