Трагедија во струшко село, човек почина од труење во комбе

Трагедија се случила во струшкото село Ливада. 39-годишниот П.Ш. од Албанија вчера е пронајден мртов во комбе во атарот на селото,човекот  бил работно ангажиран како овчар.

За настанот полицијата била информирана од страна на Брзата помош која не констатирала никакви траги на насилство, а обдукција подоцна покажала дека смртта кај П.Ш. настанала како последица на труење од јаглен моноксид, односно од плинска греалка за затоплување која се наоѓала во комбето.

Телото на починатиот ќе биде предадено на семејството за погреб.

Translate »