Прво рочиште во Кривичниот суд за набавката на 300 возила во МВР
Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи првото рочиште за предметот на СЈО познат како „Триста“. Ќе му се суди на поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност за јавна набавка на 300 возила.
Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски наводно незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.
Во предметот „Триста“ според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.