Ресторанот “Маракана” кетерингот го претвора во кулинарско и уметничко шоу!
Доколку организирате настан и сакате да ги импресионирате партнерите, клиентите, пријателите со одличен кетеринг, треба да изберете некој кој веќе има искуство, докажан квалитет и знаење. Изборот на храната, начинот на кој таа е сервирана, зборува за Вас, и помага во градењето на имиџот. Ви го препорачуваме професионалниот кетеринг на ресторанот Маракана, кој несомнено ќе ве воодушеви. Со храната, посветеноста на вработените, со брзината и пред се нивните естетски и гурмански познавања.
Ресторанот “Маракана” се наоѓа во средиштето на Градскиот парк во Скопје, меѓу пријатните зеленила, со модерен и елитен стил. Тука ќе бидете секогаш убаво пречекани и беспрекорно послужени со италијански специјалитети, уникатни морски плодови и риба.
071 398 398