Предлог за филм во недела навечер – “Wind River”
За недела навечер , топло ви го препрачуваме трилерот ” Wind River”. Моќен филм, уметнички дотеран, со дејствие кое веднаш ќе ве зграпчи. Филмот доби одлични оценки од публиката , но и критиката. Постојат гласини дека филмот може да добие и по некоја номинација за Оскар. Премиерата ја имаше на Sundance фестивалот, a неверојатно брзо влезе и во европските кина. Се работи за трилер од “старата школа”, какви , за жал, има се помалку. Дејствието е сместено во индијански резерват, во снежна недојдија во Вајоминг, во која се случува шокантно убиство, за кое нормално е повикана млада и неискусна агентка од ФБИ. Атмосферата посетува помалку на “Fargo ” и “True detective”, но , сепак, се работи за оригинално дело, со свој сопствен емотивен набој. Дополнителен плус е индијанскиот дел од приказната, која е потисната и заборавена од прегласните афро-американски и латино теми и филмови кои го преплавија пазарот. Мораме да признаеме дека одамна не сме виделе вака занаетски направен трилер. Во главните улоги се одличните : Jerremy Rener и Elizabeth Olsen. Режисер е Stefano Sollima.