Патничко возило прегази полицаец

Полициски службеник пренесен во Градска болница откако го удриле со автомобил.

МВР информираше дека во 20 часот од страна на полициски службеник е пријавено дека  на улица „Никола Русински“, неговиот колега униформиран полициски службеник бил удрен од патничко моторно возило “Фиат стило” со скопски регистарски ознаки и истиот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани телесни повреди и пуштен е на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

Translate »