Мапа на богатство во Европа – Kаде сме ние?!

Картографот Јакуб Марјан на својот сајт објави карта која ја прикажува распределбата на богатството во Европа.

Податоците прикажани на картата се темелат на анализата на швајцарската мултинационална финансиска компанија “Credit Suisse”, која го мери богатството со собирање на вредностите на финансисткиот и другиот имот, со одземање на вредноста на долговте.

Објавената карта на Европа покажува средна вредност на тоа богатство по возрасно лице во поединечна држава изразена во американски долари, а картата е објавена на jakubmarian.com.

За некои земји од Европската унија податоците не се потполни. За некои земји на ЕУ се пористи пресметка базирана на вкупните биланси на домаќинствата, а за некои земји се користени податоци втемелени на финансиските биланси во кои е вклучен само финансискиот имот. Во вкупните биланси на домаќинствата е вклучено се, ап и недвижностите.

Според картата, во регионот убедливо набогата е Словенија, која е осум пати побогата од Србија на пример.

Од Македонија побогати во регионот се Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, но Грција, Србија и Албанија се посиромашни.

На чело од Европската унија се секако Германија и Франција.

Најбогата е Исланд, чие средно богатство изнесува дури 445.000 долари по возрасен граѓанин. Други две најбогати земји се Швајцарија и Луксембург, а зад нив се Норвешка, Франција, Германија и Велика Британија.

Интересно е што првите две места ги заземаат две земји кои не се членки на ЕУ, Исланд и Швајцарија.

Најсиромашни во Европа се Украина и Белорусија, чие богатство изнесува од 100 до 900 долари по возрасен жител.

Translate »