Крај за менструалните болки – Тампони со канабис
Многу жени се соочуваат со болки пред и за време на менструалниот циклус. Најчесто се работи за грчеви и болки во долниот дел од стомакот и половината. Компанијата Фиора произведе тампони од канабис со цел да ги намали болките кои се чести кај жените. Тампонот на база на марихуана содржи “Thc” и “Cbd” , две активни состојки на канабисот кои помагаат да се опуштат нервите , да ја блокираат болката и да ги намалат симтомите на воспалителната состојба. Тампонот е дизајниран да ги опушта мускулите и да ја намалува болката и нема психоактивни ефекти, велат од компанијата, додавајќи дека вметнувањето на капсулата во вагината дава чувтсво на големо олеснување.
” Канабисот во текот на историјата бил познат како лек, кој ги олеснува болките за време на менструацијата”, порачуваат од компанијата Фиора. Нивниот производ особено е корисен за жени кои страдаат од ендометриоза, но и при породувањата, вели тимот кој ги направил тампоните.