Новинарот Кежаровски им се обрати на судиите кои го затворија
Фејсбук статус на Томислав Кежаровски
Велешкиот суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите во случајот ,,Ореше,, Во образложението на пресудата се наведува дека заштитениот сведок ниту бил заштитен, ниту бил загрозен, туку бил ЛАЖЕН сведочел по налог на тајната полиција. Онака како што напишав во неделникот ,,Репортер 92,,А јас за што бев осомничен , обвинет и осуден на затворска казна. За што скапував по затворските келии.За што го изгубив здравјето…И сега обвинителке Лиле Стефанова што ќе правиме?И сега господо судии Тања Михајлова, Ѓоко Ристов, и Дијана Груевска Илиевска што ќе правиме?Што ќе кажете во своја одбрана
Кежаровски се товареше дека во новинарски текст од 2008 година го открил идентитетот на заштитен сведок во случајот „Ореше“, судски процес за убиство на велешанецот Лазо Милошевски. Неговите колеги тврдеа дека нема кривично дело, затоа што сведокот воопшто не бил заштитен во моментот кога е објавен текстот, а сведокот подоцна изјавил дека од полициски структури бил принуден лажно да сведочи.
На ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата тогаш повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, како и ОБСЕ. Потоа казната беше намалена на две години кои тој ги одлежа во притвор
Откако Апелациониот суд ја соопшти пресудата дека му ја намалува затворската казна од 4,5 години на 2 години, полицијата дојде во домот на Кежаровски кој таму го издржуваше домашниот притвор и како најголем криминалц го пренесе во затворот во Шутка. На Кежаровски му останаа уште три месеци и десет дена за одлежување на казната.
Со листови во рацете на кои на повеќе јазици беше испишано „И јас сум Кежаровски“, новинарите се собраа пред Апелациониот суд на 20 јануари да го изразат незадоволството од одлуката новинарот да биде осуден на две години затвор. ЗНМ по експресното приведување на Кежаровски, повика минстерот да покрене постапка за ослободување, и побара од претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да го прифати предлогот на министерот. Ниту Јашари, ниту Иванов не покажаа интерес за случајот.