“Општина Центар” организира новогодишна прослава
Под мотото „Нова година – нови нови насмевки“, општина Центар годинава на 30 и 31 декември, на Сквер Јадран организира новогодишна програма за децата, младите и повозрасните.
– Среќен сум што како градоначалник успеавме без трошоци на општината преку донации да организираме понудиме богата програма за сите жители од 7 до 77 години – изјави градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.
Прославата, најави тој, ќе има хуманитарен карактер.
– Ги повикувам сите, во убава атмосфера да си посакаме среќа и радост во новата 2018 година, но и да ја покажеме својата хуманост, донирајќи за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија – рече Богдановиќ.
На 30 декември во 12 часот предвидена е детска програма, а во 16 часот, „Улица ‘Новогодишни желби‘ бр.2018’“, ќе биде место на потсетување на добро познатото скопско корзо.
Од 20 часот започнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.
На 31 декември, пак, во 12 часот на Сквер Јадран ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува забавата со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.