Новогодишна честитка на Рамбо Амадеус која треба постојано да ја читате

 

Статусот на Рамбо Амадеус, или подобро кажано,  новогодишната честитка од 2015 -та година , треба да се повторува секоја година.

Црногорскиот пејач-текстописец е  познат по неговата  суптилна смисла за хумор  и посебниот однос со  публиката. Статусот кој го постирал на крајот на 2015 година, е честитка која би ви  ја посакал најдобриот пријател и сосед. А се разбира и  ние!  Затоа внимателно прочитајте го:

“На сите фанови им посакувам среќни државни и верски празници, со желба сите во  Новата Година да работите полно работно време, и тоа само она што го сакате и го знаете, и нормалноод тоа да живеете.  Се разбира, оваа ситуација нема сама да ви  падне од небото, таа цел ја постигнува само оној што сам ќе си јa  постави пред себе.

За да се реализира идејата  прво мора  темелно да биде осмислена.

За да дојдете до идеја, треба да имате желба .  А , ако не сакате да работите, тогаш овој совет не вреди.

Исто така, ви посакувам добро здравје. Баба ми велеше дека здравјето влегува  на уста, но тоа значи дека и болеста  влегува на уста. Интернет е полн со совети на оваа тема, повелете прогуглајте .

Пијте лимонада наутро. Веднаш штом ќе отворите очи,  испијте лимонада со топла вода,  без шеќер, јас така системот за варење го вратив во регрутна состојба.

И ова е важно, водата од чешма замрзнете ја во пластично шише, а потоа стоплете ја на дневна светлина, така каменецот ќе се наталожи на дното, а вие ќе пиете квалитетна вода, Поефтина е , и подобра од флашираната!

И бидете внимателни со кого се дружите.. Еден глупав пријател прави повеќе штета отколку интелигентен непријател. Проверено. Најважно е да имате  барем двајца што се попаметни од вас. Јас имам, иако ми е тешко да признам.

Во ерата на виртуелна комуникација, најдобро е да се намали бројот на пријатели на фејсбук, но и да го зголемите критериумот  чие мислење ќе следиите  Времето е најскапо. Подобро да зјапате  во една точка отколку да го опетеретувате  мозокот со глупости

Зјапање во една точка е  медитација. Оптеретување со глупости  е … ментално труење.

Гардеробата и сите други работи разменувајте ги меѓусебе, ” трампањето” е најстарата форма на трговија, за тоа не ви е потребен ни динар, а  апсолутно го задоволува античкиот колекторски рефлекс.

И, се разбира, не заборавајте дека моите концерти и вечери на гломазна поезија се забавни и поучни во исто време, по програмата сите излегуваат ментално побогати и емотивно освежени, полни со идеи , така што билетот што го плаќате не може да се третира како трошок, туку како инвестиција , во мојата работа и во вашиот развој.

Среќна Нова Година! “

 

Translate »