Фудбалер доби милион евра на лотарија
Тикетот му го купил вујко му како новогодишен подарок, а бидејќи бил на тренинг , бројките ги проверувале дома и кога му јавиле дека добил милионче не можел да поверува. Среќникот О’Конор од ирскиот тим Престон Норт Енд вели дека засега нема никакви планови што би направил со парите. Тој од јули е во тимот Престон каде игра за плата од 10 000 фунти месечно. Имал 4 насташи за младата репрезентација на Ирска.