Почна како мијач на садови, а сега е еден од најплатените фудбалери на светот
Виргил Ван Дијк го поминал патот од мијач на садови до фудбалер , кој е еден од најплатените во историјата на фудбалот.” Ливерпул” му платил на “Саутемптон” за холандскиот играч дури 85 милиони евра. Пред десет години никој и не помислувал дека тој ќе стане светски рекордер. 16 годишниот Виргил тогаш заработувал, миејќи садови во локален ресторан во Холандија. На ден заработувал 10 евра.
” Беше добар работник. Добро ги миеше садовите и работеше чесно”, се сеќава сопственикот на ресторанот. Наутро одеше на тренинг во локалниот клуб “WDS”, а попладне работеше во ресторанот.
“Често му велев да мие повеќе садови и да престане да се обидува да стане професионален фудбалер, бидејќи овде барем ќе заработи нешто. Не ни помислував дека тој некогаш би можел да заработи толку пари. И сега, уште не ми се верува, вели сопственикот.
На ѕидовите на рестотанот денес стои неговиот дрес.
Во Ливерпул, Виргил како одбрамбен играч, ќе заработува 30 000 евра на ден.