Шмркање кондом од нос низ грло, нов смтоносен предизвик на интернет

 Сте слушнале за предизвикот “вшмркување кондом”?

Процедурата подразбира земање кондом (нов, искористен би ги влошил работите), неговото вовлекување преку едната ноздрва и потоа се обидувате да го извлечете од грлото, додека истовремено го снимате целиот процес, и ќе го објавите видеото на Јутјуб.

Оваа “забава” и не е нова. Постои веќе неколку години, но повторно ја доживува својата “реприза”.

Уште 2007, објавена е снимка на Јутјуб, со таква содржина, а предизвикот повеќе внимание доживеал 2013 година. Корисниците на оваа платформа “Savana Strong” покажале како се “вшмркува” кондом со музиката на Тејлор Свифт, потсетува Форбс.

Сега повторно на интернет се појави пост на кој се рекреира овој потенцијален смртоносен “предизвик”.

Што би можело катастофално да се случи кога се обидувате да двишете предмет поголем од ноздрвата кој е направен од латекс, а внатрешноста му е премачкана со лубрикати и спермициди?

Како прво, единствена работа освен воздухот кој треба да се вдишува преку носот се спрејови и тоа ако лекарот ви ги препишал. Се друго може да ја оштети слузокоќата во вашиот нос, предизвикувајќи алергиска реакција, инфекција или гушење, бидејќи кондомот лесно може да се заглави во носот и грлото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »