Салеп со цимет- Најздрав борец против грипот и настинките
Кремаст, врел пијалак, оној што се прави од коренот на салеп. Одличен сојузник е во борбата протв грипот и кашлањето.
Порано го имаше во таква, чиста форма. Денес пак сè почесто го наоѓаме во други варијанти и добиен од други билки, но ако веќе не може поинаку, тогаш одберете го салепот во прав.
При изборот, внимавајте производителот сепак да биде од Турција.
А еве како се подготвува овој зимски пијалак:
4 филџани млеко
1 филџан шеќер
1 голема лажица салеп во прав
1 кафена лажичка цимет.
Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот. Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса. Салепот е најдобар кога е густ, но внимавајте да остане во течна состојба. Сварениот салеп се сервира во филџани и потоа се попрскува со цимет.
Не само што е вкусен, салепот има многу лековити моќи, го прочистува грлото, ги смирува дишните патишта и ја намалува или сосема отстранува кашлицата.