Амди Бајрам го пофали Заев дека е добар премиер

Амди Бајрам на денешните пратенички прашања во Собранието го пофали премиерот Зоран Заев дека за првпат некој премиер му одговорил како што треба.

„За првпат еден премиер ми одговорил како што треба на пратеничките прашања, се гледа дека вие се залагате за народот и како терате, ќе бидете добар за секого“, рече пратеникот Амди Бајрам од собраниската говорница.

Лидерот на Сојузот на Ромите побара од владата да помогне во градење споменик на починатата кралица на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска.

Премиерот Зоран Заев рече дека првпат слуша дека има барање за подигање споменик на Есма.

„Тоа е недозволиво, бидејќи Есма заслужува достоинствено да се одбележи нејзиното дело. Владата има средства за тоа, а јас лично ќе се заложам кај пратениците и кај фондацијата ‘Есма и Стево Теодосиевски’ да се зачуваат името и делото на Есма Реџепова“, рече Заев.

Бајрам, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово пред изборите во 2014 година, го нарече Заев “Зајко Кукурајко” и кажа дека ќе го улови со морков и ќе го стави „каде треба, позади“.

 

Translate »