Бујар Османи одлучи да не оди на конференцијата во БИХ поради Косово

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи одлучил да не присуствува на конференција за Западен Балкан во Босна и Херцеговина поради тоа што домаќините не го поканиле Косово.

Османи изјави дека се откажал од учеството на конференцијата поради Косово. Истите причини важат и за неучеството на Албанија.

За Османи и за министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати не може да се зборува за Западен Балкан без присуство на делегати на Косово.

Конференцијата ќе се одржи во Бања Лука, српскиот дел од БиХ, држава која не го признава Косово.

Од македонската Влада велат дека се работи за процена на вицепремиерот.

„Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учестува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот“, велат од Владата.

Translate »