Опасно е да се користат зимските гуми после 15 март

 На 15 март помина законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата. Но најголемата грешка што ја прават возачите е што продолжуваат да ги користат  возилата со зимските гуми. Според некои груби проценки, дури една четвртина од возачите на овие простори одлучуваат да не ги сменат зимските гуми на крајот од зимата и продолжуваат истите да ги користат и во летни услови.

Причини за ваквата одлука има повеќе, но најчесто распространети се две. Првата е дека така ќе се заштедат пари, бидејќи летните гуми не се законска обврска, а другата е лошата информираност на продавачите на зимски гуми, кои пневматиците со ознака „М + Ѕ“ ги продаваат како гуми за сите сезони, што всушност е голема грешка.

Треба да знаеме дека со користење на зимски гуми во текот на летото, се влошуваат перформансите на автомобилот и се продолжува патот на кочењето, со што се намалува нивото на севкупна безбедност на патниците.  Зимската гума е значително помека од летната, бидејќи во својот состав има силициум диоксид, што овозможува мекост дури и при ниски температури. Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање а се  намалува и  управливоста.  Ова е потврдено и во многу независни тестови, кои покажуваат дека зимските гуми во споредба со летните, на суви подлоги, при температура од 20 степени Целзиусови и брзина од 100 km/h, имаат во просек за шест метри подолго растојание на сопирање. Ова значи дека кога автомобилот со летни гуми ќе застане, возилото со зимски пневматици се движи со 37 km/h!

„Со користење на зимски гуми во текот на летото нема да заштедите пари.  Освен што ќе поминете помалку километри, бидејќи ќе Ви се потрошат побрзо, зимските гуми ја зголемуваат и потрошувачката на гориво.  Нивниот дизајн создава поголем отпор при тркалање, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво. Разликата може да изнесува и до неколку децилитри на 100 километри.  Покрај тоа, поголемиот отпор на тркалање предизвикува и зголемување на температурата на гумите, со што се зголемува и веројатноста за оштетување.  Ова е особено забележливо во текот на летото, при возење на автопат со голема брзина.  Во вакви услови, зимските гуми се прегреваат и можно е да пукнат.  Покрај тоа, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што влијае врз удобноста во патувањето.“ – вели Томе Пачаразлиев, дипломиран машински инженер и основач на една од првите фирми – увозници на гуми во Македонија – ТРАНЗИТ ДООЕЛ.

Ако се решите да ги промените зимските гуми, и Вашиот автомобил да го опремите со летни гуми, препорачливо е тоа да го направите кај увозник на реномирани брендови, кои даваат и гаранција за квалитетот kupiguma.mk.  Важно е да добиете и професионален совет при изборот на пневматиците, за да гумите бидат соодветни не само за Вашето возило, туку и за начинот на возење.

 

Во компанијата Транзит дооел, чија главна дејност е увоз и продажба на пневматици веќе повеќе од 24 години, не само што може да се купат квалитетни гуми од реномирани производители — по одлични цени, туку овде може да се добие и бесплатна промена на гумите,  бесплатна проверка, како и можност зимските гуми да Ви бидат чувани за следната сезона.

За крај, не заборавајте гумите често да ги проверувате, со цел да се види нивната исправност, притисок, центрираност и нагазен слој.

Повеќе инфо на  https://www.facebook.com/tranzitdooel/

Translate »