Од кои професии луѓето најмногу изневеруваат?
Истражувањата на британскиот интернет портал “Илисит Енкаунтерс” покажува дека најголеми прељубници се луѓе кои работат во следниве професии …
На прво место е финансискиот сектор. Во истражувањето во кое учествувале 970 000 испитаници, најмногу изневеруваат банкарите и брокерите. 18 проценти признале дека барем еднаш го изневериле својот партнер. На второ место е менаџментот и човечки ресурси, таму дури 12 насто велат дека биле неверни во врската. Трето место имаат директорите и самовработените. Дури 8 проценти од луѓето кои се наоѓаат на директорска позиција ги мамат своите партнери.На четврто место се информатичарите. Иако за нив се мисли дека се смотани, очигледно дека знаат како да ги користат социјалните мрежи за да ќарат нешто отстрана. И на петто место се сметководителите. Според истражувањето, 5 насто од нив признале дека го изневериле партнерот. Зад нив се лекарите , а потоа следат вработените во медиумите и пи-ар службите.
Ужива да биде гола: Некогаш возеше велосипед, сега предизвикува срцев удар со фотките на Инстаграм