Ким се согласил на средба со Трамп на граница меѓу двете Кореи

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун се согласил на средба со американскиот претседател Доналд Трамп на граничниот пункт Панмунџом на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, објави во вторникот американската телевизија CNN повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот.

Според податоците на соговорникот, севернокорејскиот лидер бил убеден самитот со американскиот претседател да се одржи во Панмунџом, од јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Според изворот на CNN, Ким го направил изборот на овој пограничен пункт, бидејќи сета потребна опрема за одржување на состанокот на врвот е веќе подготвена таму. Средбата, според соговорникот, ќе се одржи кон крајот на мај, при што некои настани ќе се одвиваат од севернокорејската страна на границата.

Престојот на северната страна од Демилитаризираната зона ќе му овозможи на Трамп да влезе во историјата, истакнал соговорникот на телевизијата. Истакнал и дека Мун Џае-ин, исто така, ќе земе учество на свернокорејскиот-американски самит.

Во Панмунџом на 27-ми април, се одржа историскиот самит меѓу лидерите на Северот и Југот, при што севернокорејскиот челник Ким Џонг-ин стана првиот кој по завршувањето на Корејската војна во 1953 година, кој ја посетил Јужна Кореја.

Translate »