Најмалку 7 милиони луѓе годишно умираат од загадениот воздух
Миа/Светската здравствена организација соопшти дека најмалку 7 милиони луѓе годишно умираат поради загаденоста на воздухот, покажуваат последните податоци од 2016 година. Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека 9 од 10 луѓе ширум светот се изложени на опасно високо ниво на штетни честички од загадениот воздух кои предизвикуваат рак и кардиоваскуларни заболувања.
Нивото на загадување на воздухот, според било највисоко во источниот дел на Средоземното море и во Југоисточна Азија, каде што во некои подрачја имало пет пати поголема загаденоста на воздухот од дозволената.
Повеќе од 90 проценти од смртните случаи поради загаденоста на воздухот биле забележани во земјите со ниски приходи, особено во Азија и Африка.