Пилешко и рендани компири, брзо и лесно за подготовка
Направете вкусен ручек набрзина.
СОСТОЈКИ:
- 1 кг. пилешко
- 100 гр. кромид
- 800 гр. компир
- 3 јајца
- 200 мл. млеко
- 250 гр. брашно
- 200 мл. кисела павлака
- 100 мл. масло
- бибер
- вегета
ПОДГОТОВКА:
- Пилешкото се зачинува со сол, бибер и вегета, па се пржи кратко на загреано масло на тава од сите страни.
- Компирот се лупи и ренда крупно, му се додаваат јајцата, млекото, киселата павлака, брашно и кромид со масло, па се меша и се ставаат зачини.
- Додадете си и црвен пипер.
- Ставете го компирот во тава со масло, ставете го горе пилешкото, ставете малку масло горе ( може и она во кое го пржевте месото), и печете на 180 степени 40 минути./Gotvi.mk