Ќерката на српскиот фудбалер Пикси имаше една од најлуксузните венчавки на Балканот

Ќерката на поранешниот српски фудбалер, Драган Стојковиќ – Пикси, Ана Стојковиќ веројатно имаше една од најлуксузните венчавки на Балканот.

Таа и нејзиниот избраник, Хуго Валенте, поранешен возач на тркачки автомобили, организираа три венчавки, односно прослави.

Двојката, која има и ќеркичка, во февруари официјално стапи во брак во Париз, подготвувајќи за таа пригода интимна прослава во кругот на најблиското семејство и пријатели. Ања тогаш носеше миди бело здолниште во сирена крој и горен дел со долги ракави, со ролка и ремен на половината, со кој уште повеќе го нагласи овој дел од телото. Шапката со мрежа придонесе овој изглед да добие дамска нота.

Потоа, следеше прославата на Азурниот брег, за која дури пишуваше и јапонското издание на „Вог“. За таа пригода, Србинката одлучи да носи раскошна креација на Ели Сааб, која како пренесуваат српските медиуми била изработена специјално за неа, а чинела неколку илјади евра. Горниот дел е корсетски изведен и прекриен со кристали, додека здолништето е изработено од комбинација на свила и тул, а карнерите даваат впечаток на бранови, даваат волумен на венчаницата, што одлично се вклопува во комплетната атмосфера.

Третата прослава се случи изминатиов викенд во Белград, на кој присуствуваа голем број познати личности од тамошната сцена.

Ања овој пат се појави во бел фустан од пердуви, со асиметрично здолниште, па нозете доаѓаат до израз. Креацијата е од познатиот српски бренд „Михано Момоса“, а со сите три избори таа ги собра симпатиите и на домашната и на светската сцена.

Инаку, госпоѓата Валенте студирала моден дизајн на престижниот „Сент Мартинс“, но и Париз на „Парсонс“, за што ќе изјави во една пригода дека се највозбудливите години во нејзиниот живот и дека конкуренцијата, желбата за успех и натпреварувањето на овие колеџи се огромни и треба огромна посветеност. Fashionel.mk

 

 

 

 

Translate »