Ивановска: Дали Пепелашка живее со некого за да плаќа сметки или да биде донор на сперма?
Мирјана Ивановска е родена во Скопје, дипломираше на Економскиот факултет во Скопје на отсек Финансиско сметководствен менаџмент, работи како економист –надворешен сметководовител, тоа е нејзината прва професија, а за втора го смета пишувањето, има напишано три стихозбирки Кружна љубов(2008), Пепелашка во триесеттите (2011) и Вртелешка (2017),во подготовка е е четврта со наслов Откинувања. Двете професии подеднакво ги сака и не би се откажала од ниту една ,вели” двете ги работам со љубов и од љубов” Првата стихозбирка е напишана 2001-2002 година, а издание доживеа 2008 година. Оваа непоправлива сонувачка, мечтае еден дена на плажа во Шпанија да види некој со незјината книга во раце, или на излог во книжара во Њујорк да стои нејзино дело,,Според неа сите што творат сонуваат за вакво нешто, “тие што велат дека не им е гајле да знаете дека лажат,, ни се довери таа. Мирјана не верува во идоли, а љубител е на поезијата и мудроста на мистикот и поет Руми.
Радар: Од кога почнавте да пишувате поезија и како стартуваше таа приказна?
Јас знаев со што ќе се занимавам, многу интересно мене ми беше многу јасно од дете, уште од дете многу читам, не знам колку книги имам прочитано, секогаш пред испит читав книга поезија, во книжарницата на Економски факултет имаше поетски книги кои чинеа помалку од едно кафе во бифе, и јас така се релаксирав пред испит, а со пишување колку што се сеќавам почнав како средношколка.Многу од тие стихови се некаде по тефтери и хартии по кутии, многу мал дел од нив влезе и во првата стихозбирка. Издавачките куќи не се заинтересирани многу за публикување поезија, особено ако не те познаваат лично или не си со писателско презиме. Книгите излегоа благодарние на мојата желба да се публикуваат и со огромна љубов на многу други луѓе кои учествуваа во тие три проекти.Два пати не ми беше наплатено печатење, салони за промоции , рецензии, изработка на корици и се што е потребно за печатење на книга, затоа велам дека соништата се остварливи, само не треба да престанеме да го сонуваме.
Радар:Вашата поезија е љубовна, еротска… иако во стихозбирката Пепелашка цело време потенцирате дека принц не постои и залудно е да се бара, сепак стиховите ја разоткриваат вашата душа, вие како да не се откажувате да го најдете?
Да , Пепелашка е дијагноза на љубовта.Мислам дека во неа има и порака дека љубовта е врвот, нема простор да биде компромисна, да има причина, па за и каква љубов да зборуваме. Не се живее со некого за да имаш со кого да го делиш времето или да плаќаш сметки, или да ти биде донор на сперма, се живее со некој заради кого сакаш ти да бидеш подобар човек и тој те прави подобар. Лично сум го допрела тоа чувство во себе, знам како изгледа, и од тоа никогаш нема да се откажам по ниедна цена за помалку, па некому може да изгледа жаба, ама јас за мене го претворам во принц, посакувам секој да си најде вистинска партнерска љубов, достојна за почит.
Радар:Има ли пепалашки во нашиот град?
Сигурно дека има, ако јас верувам во љубовта , сигурно има и други како мене, зошто јас би го имала тоа ексклузивно право. Сигурна сум има и принцови кои во име на љубовта ќе престанат да бидат” жаби”. Посакувам и од двете страни треба да има храброст, во денешно време тешко е да бидеш вистинит човек.
Радар:Во книгата Вртелешка се нарекувате “нечесничка”, а за оној за кого пишувате е “чесниот”? На еден саркастичен начин велите “Немој ти си чесен, никогаш не гледаш во мојата задница?” Колку луѓето морализираат кај нас, и дали тоа го прават тоа повеќе мажите или жените?
Ние сме народ кој многу зборува, а во многу зборување, доаѓа и до озборување, па озборувањето што е ако не е морализирање на туѓи животи?Пазарџиски народ, наместо да си го подобриш својот живот и го направиш посреќен, ние се занимавме со туѓи животи. Многу непријатно ме изненадува кога млади деца ќе слушнам што зборуваат и како етикетираат, а во два милиона сите знаеме се за секого. Избегнувам такви профили на луѓе, повеќе сакам друштво со кое можам да одмолчам, така повеќе си кажуваме за себе.
Имате ли некој поет на кого сте се воодушевувале?
Уште како тинејџер не се воодушевував, не верував во идоли, многу интересно. И ден денес сум иста, почитувам многу, а не се воодушевувам. Никој не е совршен само има некаква дарба. Мислам, сите кои се занимаваат со уметност каква и да е преку личната емоција добиваат информација што да нацртаат, што да напишат, што да искомпонираат, некогаш не знаат како на крај ќе изгледа или ќе звучи . Од поетите најблиску до таа совршеност според мене е Џелалудин Мевљана- Руми.
Сандалите на Ема (Вртелешка)
… Јас, ЕМА црвенокосата палавка ги земав летните сандали.Од стариот плакар за лесна телепортација, Го мириснав воздухот, се вратив. Ема, ЈАС седумгодишно мало девојче стојам во црвено кармин мантилче за дожд и црвено чадорче, секогаш успевав да го убедам дедо ми да ми ги исполни желбите, моќта на убедување ја изгубив попатно со годините, сега научив сама да си ги задоволувам желбите, тие ми беа негов подарок, чадорчето се изгуби заедно со едно дебело мече , барем на тоа се сеќавам. а каде ми заврши мантилот незнам. Што туку научив да бидам алфа женка , Сега сум на терапија за преобразба, Како алфа женката да ја претворите да неречам во милосница. Треба само да помолите, Помолете го партнерот за да добиете, Вие можете тоа сами да си го дозволите, Но,ве молам научете да бидете жена и помолете, Помолете за да добиете. Така се чуствувале помажествено. Вие станувате жена, а тој маж. Се прашувам како седумгодишна сезнајка Каде ќе бидам за три пати по седум, Веќе го знаев одговорот, Всушност имам една стара машина за чукање, И на неа ги удирав буквите и бројките . И таа ја имав од дедо ми, Ја имаше донесесно за да работи нешто по дома. Му ги наследив двете професии и табиетот. Една негова пријателка изјави, Мислам треба да учи француски личи на французинка, И има француска фризура, Научив еден тон други работи , Ама француски никогаш. … Јас, ЕМА црвенокосата палавка ги земав летните сандали Во раце и продолжив по патот боса. Ема, јас четиринаесет годишната палавка, Сеуште со француската фризура И без ниту еден збор француски, Научив по пат што е француски бакнеж, Сеуште се сеќавам на мирисот на пастата за заби, Претходно си ги измил забите, пристојно момче, Секогаш наоѓам некоја глупост на која се сеќавам. И неретко во таа глупост се заљубувам. Па после ми треба време да ја признаам глупоста, Дека ме воодушевила, временски негирајќи ја,добила предзнак на негација, И повторно одиме на терапија на афирмативно себеприфаќање Стануваме свесни дека е глупост, Ама Јас, ЕМА ужасно ја сакам глупоста. Учиме да мислиме позитивно, Па толку се себеприфаќаме, И се засакуваме себеси што би рекал една пријателка -Толку се заљубив во себе , што тешко ми паѓа да се споделам! Учиме за истото нешто што сме го знаеле, Ема, јас четитиринаесетгодишната, Тогаш заедно лижевме еден сладолед, За времето да не научи дека секој сам си го лиже сладоледот, Не правејќи му многу лиги на другиот. Повторно учиме да лижеме еден сладолед, Само кога никој не не гледа, Да не изгледаме помалку будалесто. … Јас, Ема ги облекувам летните сандали, сеуште се обвинувам што не си ги купив, На ременчиња со ниска потпетица, многу практични, сеуште не сум го поминала нивото на молба, некако најтешко ми паѓа, А од рационални причини одлучив дека не ми се неопходни. Се гледам неколку пати по седум… Всушност сум на неколку пати по седум, Со црвениот чадор и мантил, Само лицето не ми е толку детско, Со истата француска фризура , без ниеден збор изустен на француски, овој чадор го купив од Париз, после два пара искршени на дожд и ветар, со иститите две професии, шизофреноидно, без старата машина, со персонален компјутер, со истата љубов во себе, УЧЕЈЌИ ЈА ПОВТОРНО ДА ГО ПОКАЖЕ СВОЕТО ЛИЦЕ! ЕМА, Јас… 19.01.2015 Мирјана Ивановскa